Утрински Весник
Свет

Неуспешен обид за државен удар во Бенин

Screenshot 2025 12 07 150213.png

Група војници во Бенин, кои се претставија како Воен комитет за обнова под водство на потполковникот Паскал Тигри, соопштија дека ја презеле националната телевизија, го отстраниле претседателот Патрис Талон и ги распуштиле институциите.

Но, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, информираше дека лојалистичките сили и националната гарда повторно воспоставиле контрола и дека претседателот е безбеден.

Обидот за пуч се случува пред претстојните претседателски избори, кои го означуваат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го кандидираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи како свој наследник.

Можете да прочитате

Путин и Трамп разговараа телефонски за Иран, Украина и Венецуела

Пад на цената на нафтата на светските берзи под 90 долари

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран