Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Воена цел е и враќање на Израелците во северниот дел на земјата

Netan ahu.webp.webp

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху деенска изјави дека воена цел на Владата е и враќање на населението во северниот дел од земјата, од каде побегна поради нападите на либански Хезболах.

– Владиниот совет за политика и безбедност одлучи во воени цели да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови, истакна Нетанјаху.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран речиси секојдневно се напаѓаат откако почна војната во Појасот Газа. Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни.

Поради судирите десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата. Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас во војната против Израел. 

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот