Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Расте притисокот да се запре војната, но јас ќе се спротивставам

Netanjahu 1.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека расте притисокот да се запре војната во Газа, но нагласи дека ќе и се спротивстави.

Тој на прес-конференцијата рече дека офанзивата во Појасот Газа ќе продолжи до „целосна победа“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека покрај конфликтот во Кан Јунис, ИДФ ќе се фокусира и на борбата против Хамас во централниот дел на Појасот Газа и Рафа, град на границата со Египет.

„Оние кои нема да учествуваат во борбите ќе бидат евакуирани, ќе им биде испратена хуманитарна помош и ќе се почитува меѓународното право“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека Израел ќе направи се за да ги врати заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

„Барам да бидат објавени имињата на сите заложници кои треба да бидат ослободени како дел од предложениот договор“, рече израелскиот премиер, додавајќи дека е „прерано“ да се каже дали ќе се постигне договор.

Тој нагласи дека Израел „во секој случај нема да капитулира пред барањата на Хамас“.

„Ние сме решени да ги вратиме сите заложници“, рече Нетанјаху.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре