Утрински Весник
Свет

Нетанјаху повикува на „решителни мерки“ по нападот во Рафа

Glhwn Netanjahu6 1 .jpg
Dik 300x250 mk

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските шефови на безбедносните служби да „преземат решителни мерки против терористичките цели во Појасот Газа“ по денешните напади во Рафа.

Кабинетот на премиерот соопшти дека Нетанјаху ја издал наредбата за време на состанокот со министерот за одбрана Израел Кац и раководителите на разузнавачките служби Шин Бет и Мосад.


Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека палестинските милитанти испукале ракети РПГ и снајперски оган врз војниците што дејствувале во областа Рафа во јужна Газа. Како одговор, ИДФ изврши серија воздушни напади врз „терористички цели“ во енклавата.

-Ваквите терористички активности претставуваат „јасно кршење на договорот за прекин на огнот“, соопшти израелската војска, додавајќи дека ИДФ ќе одговори решително на нив.

Во изјавата не се споменуваат наводните напади во Џабалија и други делови од јужна Газа.

Можете да прочитате

На крадците им испаднал накит на улица, нови детали за филмскиот грабеж во Лувр

Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани

Украина потврди напади со дронови врз голема руска фабрика за преработка на природен гас