Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Нема никаков предлог од Хамас за ослободување на заложниците

нетан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска негираше дека е во тек ново ослободување на заложниците од Газа, додавајќи дека Израел презема сопствена иницијатива, во отсуство на конкретна понуда од палестинската милитантна група Хамас.

„Во моментов нема реален предлог од Хамас“, наведе  кабинетот на израелскиот премиер, додавајќи дека има иницијатива од израелска страна, но за неа не сакаше да зборува  подетално, пренесуваат британските медиуми.

Владата на Нетанјаху наведува дека израелската офанзива, која почна по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври во јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 лица и киднапирани околу 240, е неопходна за „да се изврши притисок врз палестинските киднапери да ги ослободат заложниците“.

Можете да прочитате

Сибиха: Над 1.700 Африканци војуваат во Украина, на страната на Русија

Зеленски телефонски разговараше со Трамп за идните состаноци за завршување на војната во Украина

Се затвора Радио Слободна Европа во Бугарија и во Романија