Утрински Весник
Македонија

Нетанјаху му рекол на Бајден дека е решен да ги постигне сите цели на војната против Хамас

Netan Ahu.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден изјавил дека неговата земја е решена да ги „постигне сите цели на војната“ во Газа, вклучително и „уништувањето на палестинското движење Хамас“, соопшти неговиот кабинет.

– Разговаравме за најновите случувања во војната, вклучително и заложбата на Израел за постигнување на сите цели на војната – елиминирање на Хамас, ослободување на сите наши заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел. Разговаравме и за обезбедување на потребната хуманитарна помош за цивилното население, рече Нетанјаху.

Белата куќа претходно денеска соопшти дека Бајден и Нетанјаху имале телефонски разговор, прв по повеќе од еден месец, за развојот на ситуацијата во Појасот Газа, особено во Рафа.

Американскиот претседател го поддржува Израел по нападот на палестинското движење Хамас на 7 октомври, но сега сè повеќе се дистанцира од Нетанјаху.

Тој неодамна оцени дека израелскиот премиер „повеќе ѝ прави штета отколку добро“ на својата земја со тоа што води војна во Газа, каде бројот на жртви продолжува да расте, а катастрофалната хуманитарна ситуација продолжува да се влошува

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации