Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нормализирањето на односите со Саудиска Арабија ќе биде огромен чекор кон ставање крај на арапско-израелскиот конфликт.
„Сакаме нормализација и мир со Саудиска Арабија. Тоа го гледаме како можеби огромен чекор кон ставање крај на арапско-израелскиот конфликт“, рече Нетанјаху на состанокот во Ерусалим со американскиот сенатор Линдзи Греам.
„Тој договор може да има монументални последици, историски последици за Израел, за Саудиска Арабија, за регионот и за светот“, додаде тој.
Израел има воспоставено дипломатски односи со неколку арапски земји од 2020 година, вклучувајќи ги и саудиските соседи Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
Сепак, Ријад се воздржа од признавање на Израел и вели дека таквиот потег треба да се поврзе со решавањето на палестинските аспирации за формирање држава.