Утрински Весник
Македонија

Нестабилно време: Доаѓаат поројни врнежи и грмежи, можно е невреме!

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во нашата Република Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.


Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот. Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.

И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

Апелирам во случај на појава на невреме  и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Можете да прочитате

Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – изгласана интерпелацијата поднесена од Левица

Владата по изгласаната интерпелација на Коцевски: Очекуваме оставка, правдата нема цена

Ристоска: Владата да каже кои кандидати не ги исполнуваат условите за судот во Стразбур