Утрински Весник
Македонија

Несреќа во Струмица: Рефлектор од луна парк падна врз малолетник, тешко повреден

Img 2881.jpeg

Денеска (20.08.2024) во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К.(40) од Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците