Утрински Весник
Македонија

Несреќа во Србија: Македонски автомобил излетал – едно лице загина, едно тешко повредено

Soobrakajka .jpg

Страшна сообраќајна несреќа се случи утринава околу 5:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на српско–унгарската граница, при што едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено, јавуваат српските медиуми.

Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патнички автомобил марка „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото, излетал од коловозот и се превртел.


Сопатникот во возилото починал на самото место од здобиените повреди, додека возачот е префрлен со тешки телесни повреди во Општата болница во Суботица.

На терен веднаш излегле надлежните служби, а увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.

Истрагата е во тек и треба да утврди дополнителни околности кои довеле до трагедијата.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат локални врнежи, на планините снег

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници