Утрински Весник
Балкан

Несреќа со мигранти кај грчкиот остров Крит – 18 загинати и двајца спасени

20251206185439 big 730x400 76.webp.webp

Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започнале спасувачка акција откако половина потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел под турско знаме, а бил во близина.

Несреќата се случила во морскиот дел на 26 наутички милји југозападно од островот Хриси во близина на Крит.

Во спасувачката акција вклучени се два патролни брода на крајбрежната служба, еден брод на силите Фронтекс, три брода што се во близина, хеликоптер Супер Пума и авион на Фронтекс.

Досега, патролните бродови спасиле две лица, а биле извлечени 18 тела.

Можете да прочитате

Законот за „родова еднаквост“ во Албанија ќе стапи во сила без потпис на Бегај

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Правен хаос на Аеродромот Сараево: Управата на претпријатието остана без раководство