Утрински Весник
Економија

Неспособната власт со нов удар врз џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов „Сокол“ и одговорност од Тупанчески

Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, обвинува опозицијата.

dobivaj vesti na viber

„По враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.
Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима. Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Од полноќ повисоки цени на горивата

Тренчевска: Буџетот за 2026 е индикатор дека власта се подготвува за предвремени избори, а не за економски  развој

Минималната кошничка поскапа за 921 денар