Утрински Весник
Македонија

Неработни денови во Македонија: Еве уште колку денови одмор имаме во 2025

Makedonsko Zname.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Само што ни заврши еден продолжен викенд, но до крајот на овој месец ни претстојат уште неколку неработни денови по кои толку копнееме.

Првиот кој следи е Велигденската недела, која започнува на 18 април и ќе трае сè до понеделник, 21 април, а првиот работен ден ќе биде дури во вторник.


Потоа ни следи и Денот на трудот, 1 мај, кој оваа година паѓа во четврток. Во истиот месец се слави и Св. Кирил и Методиј, кој паѓа за викенд, на 24 мај (сабота).

По потоплите денови во јуни и јули, ни следи 8 септември, кој го одбележуваме како Ден на независноста, а оваа година паѓа во понеделник.

Веќе следниот месец доаѓа и 23 октомври, кога го славиме Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година паѓа во четврток.

Во декември веќе влегуваме во празничната еуфорија уште на самиот почеток, па така и понеделник, 8 декември, ќе биде неработен ден, бидејќи тогаш се слави Св. Климент Охридски.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе