Утрински Весник
Македонија

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам

Ramazan bajram 5 960x640 1.jpg

На 20 март се одбележува Рамазан Бајрам, односно првиот ден од еден од најголемите исламски празници. Согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија, овој ден петок е неработен за граѓаните од исламска вероисповед.

Рамазан претставува светиот деветти месец во исламскиот календар, период исполнет со пост, молитва, солидарност и духовно прочистување. Според верувањето, токму во овој месец светата книга Куран му била објавена на пророкот Мухамед преку архангелот Гаврил.


Во текот на Рамазан, муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, воздржувајќи се не само од храна и пијалаци, туку и од лоши мисли и постапки. Постот започнува со утринскиот оброк – суфур, и завршува со ифтар по зајдисонце. Од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните лица.

Рамазан е еден од петте столба на исламот, заедно со верата, молитвата, милостината и поклонението. Овој месец симболизира добрина, милосрдие, љубов и простување. Според исламската традиција, за време на Рамазан се отвораат портите на рајот, а се затвораат портите на пеколот, носејќи благослов и прошка за верниците.

Постењето, како еден од најважните обреди, се практикува секој ден во текот на месецот, при што верниците стануваат пред зори за оброк и молитва, а постот го завршуваат по зајдисонце.

Рамазан Бајрам го означува крајот на постот и е време на радост, семејни собири, дарување и меѓусебно простување.

Можете да прочитате

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата