Утрински Весник
Македонија

Непроменета е состојбата на повредените од „Пулс“ кои се во критични, докторите и натаму се борат за нивните животи

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба.

Во моментот, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа:
– Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6,
-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,
-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.
-Во Систина се лекуваат двајца пациенти.


Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Можете да прочитате

Комисијата утврди тешки дисциплински повреди кај двајца обвинители од Вишото обвинителство Скопје

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Библиотеките од Охрид и Нашице, Хрватска потпишаа протокол за соработка