Утрински Весник
Свет

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

755272c0 Cd94 4ff7 970c D388b1c5ae8f.webp.webp

Свиркачот познат по тоа што идентификуваше инженерските проблеми во компанијата која ги снабдувала труповите на патничките авиони на Боинг ненадејно починал во понеделникот, јавува ЦБС њуз. Причината за смртта е инфекција која брзо се шири.

Џошуа Дин беше инспектор за квалитет во Спирит АероСистемс, која беше вклучена во производството на трупови за Боинг 737 Max. Во октомври 2022 година, Дин изрази загриженост за неправилно избушени дупки во задниот дел на авионот, кои се неопходни за одржување на притисокот во кабината за време на летот.

Адвокатите на Дин ја потврдија неговата смрт. Имаше 45 години. „Нашите мисли и молитви се со Џош и неговото семејство. Починувањето на Џош е загуба за авијациската заедница и јавноста“, рекоа адвокатите Брајан Ноулс и Роб Туркевиц.

„Тој имаше огромна храброст да се заложи за она што тој веруваше дека е вистина и исправно и ги покрена прашањата за квалитетот и безбедноста. Авиокомпаниите треба да ги охрабруваат оние што ги искажуваат овие грижи. Инаку, безбедноста и квалитетот не се вистински приоритети на овие компании “, додаваат тие.

Боинг го призна проблемот со искривените дупки во август 2023 година, нагласувајќи дека иако тоа „не е непосреден безбедносен проблем“, компанијата ќе мора повторно да ги прегледа и поправи авионите за кои станува збор, со што ќе се одложат испораките на авиокомпаниите.

Објавата предизвика пад на акциите на Спирит за повеќе од 10 проценти следниот ден. Дин кој работел во Спирит од 2019 година, беше привремено отпуштен за време на пандемијата и се врати додека компанијата не го отпушти трајно во април 2023 година.

Смртта на Дин доаѓа неколку недели откако почина уште еден свиркач на Боинг, Џон Барнет, поранешен менаџер за квалитет на компанијата. Судскиот совет утврдил дека се работи за самоубиство.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња