Утрински Весник
Магазин

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес

Img 0340.jpeg
Dik 300x250 mk

Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше инцидент со знамето на соседна Бугарија за време на нејзиниот концерт вчера во Велес. Имено, во еден момент таа го крена бугарското знаме и се обвитка во него, што предизвика свиркање од публиката со оглед на непријателските изјави кои ги добиваме за идентитетот од соседите.

Пејачката за естрадниот магазин Бекстејџ првпат проговори и отворено ја сподели својата страна на приказната за синоќа.


„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој гест некого повредил, тоа навистина не ми била намерата, а особено не да ги навредам или повредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви благодарам за прекрасната вечер, за убавата енергија, љубовта и спомените што заедно ги создадовме”

А за реакцијата на социјалните мрежи, Цеца вели:

„Реакциите се случија во салата, меѓу мене и мојата публика. Ние знаеме како поминавме што беше убаво, а што помалку убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е она што е најважно.

Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, затоа што сите ние што таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мене и мојата публика”, рече таа.

Можете да прочитате

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка