Утрински Весник
Скопје

Нема закон за моќните – знакот бутнат, паркингот обезбеден за Владините возила

Img 20250528 wa0008.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иако на делот од улица Македонија – од булевар Свети Кирил и Методиј до улица Даме Груев – јасно е поставен сообраќаен знак за забрането запирање и паркирање, тој очигледно не важи за сите. Граѓаните секојдневно се сведоци на паркирани автомобили од двете страни на улицата, вклучително и владини возила.

Граѓаните реагираат дека улицата често се користи како импровизирана паркинг-зона, и покрај тоа што е дел од активен сообраќајен коридор. Претходно, 24 Инфо објави дека на оваа локација бее паркирани и возила од владината Служба за општи и заеднички работи, препознатливи „шкоди“, кои не само што го прекршуваат законот, туку испраќаат порака дека државниот апарат е над сообраќајните правила.


Најнов случај е забележан вчера, кога службено возило – најверојатно од Министерството за енергетика – било фатено паркирано директно на тротоар, односно на пешачка зона. Ова не е прв случај, а изгледа ниту последен.

Безобразието кулминира денес, кога знакот за забрането паркирање и запирање бил урнат – очигледно за да се „ослободи“ простор за владините возила.

Таквиот однос на институциите ја загрозува безбедноста на сообраќајот, создава гнев кај граѓаните и праќа погрешна порака дека некои се над законот.

24инфо испрати прашања до СОЗР дали ќе се санкционира таквото однесување на возачите на службени возила но до сега нема одговор.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка