Утрински Весник
Свет

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Lukoil.jpeg
Dik 300x250 mk

Директорот на „Гунвор груп“, Торбјорн Торнквист, изјави дека нема да има враќање на средствата на „Лукоил“ што неговата компанија треба да ги купи, во случај да се укинат западните санкции против руската нафта.

„Лукоил“ минатата недела објави дека ќе ги продаде своите средства во странство на „Гунвор“. Ова вклучува бунари, рафинерии, бензински пумпи и портфолија на акции. Условите на договорот не се откриени.

– Ова е јасен прекин, кога договорот ќе стапи на сила, тоа е тоа – рече Торнквист во интервју за Блумберг ТВ.

Тој додаде дека западните регулатори немаат причина да се грижат за руското влијание врз имотот по продажбата и ја исклучи можноста дека на „Лукоил“ ќе му биде понудено да купи дел од него ако и кога ќе бидат укинати санкциите.

– Им даваме гаранции дека тоа нема да биде случај – истакна Торнквист.

– Нашата компанија е доста уверена дека овој договор ги опфаќа сите критични точки. САД ги ставија „Лукоил“ и „Роснефт“ на црната листа минатиот месец како дел од кампањата за притисок врз Москва да го прекине конфликтот во Украина.

Понудата на Гунвор сега мора да биде одобрена од Канцеларијата за контрола на странски средства (OФАК) на Министерството за финансии на САД.

„Групацијата Гунвор“ е меѓународен трговец со нафта и нафтени деривати регистриран на Кипар, а нивното главно седиште е во Женева. Торнквист, шведски државјанин, ја основал компанијата во 2000 година во партнерство со рускиот државјанин Генадиј Тимченко. – Постои имот за кој веруваме дека ќе биде подобро зачуван во други раце – рече директорот, без да даде детали, пренесува Каматица.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа