Утрински Весник
Македонија

Нема вонредно испитување на пресудата за „Шпион“, Врховен го одби барањето

Нема вонредно испитување на пресудата за „Шпион“, Врховен го одби барањето

Неосновано е барањето за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Шпион“ каде првообвинет и осуден е Марјан Ефремов, а била поднесена од осудениот Миќо Насковски. Ова е пресудата на Врховниот суд, од каде посочуваат дека нема да се преиспитаат пресудите донесени од Кривичниот суд донесена пред девет години, ниту пресудата по жалба донесена лани.

dobivaj vesti na viber

„Судечкиот совет на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудениот М. Н., лично и преку неговите бранители, против пресудата на Основен суд Скопје 1 од 06.10.2014 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ.бр.97/21 од 22.03.2022 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд.

Кривичен суд му изрече четиригодишна затворска казна на Насковски за кривични дела измама и уцена. Со истата пресуда Марјан Ефремов е осуден на 15 години затвор за делата злосторничко здружување, шпионажа, измама, уцена.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат