Утрински Весник
Свет

Нема трага од исчезнато двегодишно дете во Франција, градоначалник: Се надеваме дека е киднапиран

Нема трага од исчезнато двегодишно дете во Франција, градоначалник: Се надеваме дека е киднапиран

Малото 2-годишно момче кое минатиот викенд исчезна од село недалеку од Вернет на југот на Франција се уште не е пронајдено. Малиот Емил си играл во градината на куќата на неговите баба и дедо во село недалеку од Вернет, кога исчезнал во саботата попладне.

dobivaj vesti na viber

Пред два дена беше објавено дека се прекинува опсежната воздушна и копнена потрага, а најавено е дека истражителите ќе се фокусираат на оценка на веќе собраните докази.

Франсоа Балик, градоначалник на Вернет од 1977 година, тврди дека најдобрата надеж за малото момче е да е „киднапирано, но живо“. Во новото интервју за францускиот весник „Фигаро“, тој ги коментираше напорите за пребарување, вклучително и хеликоптер што го емитуваше гласот на мајката на Емил.

Тој се осврна на веројатноста да се најде живо двегодишното дете, имајќи ја предвид возраста на момчето и бројот на денови што поминале откако тој последен пат бил виден.

„Нашата единствена надеж сега е дека тој е киднапиран и дека е жив. Тоа е последното нешто на што можеме да се надеваме и веќе е страшно“, рече тој, според „Индепендент“.

„Можевме да претпоставиме дека некој што сакал да му наштети на детето поминал, го видел ова прекрасно момче и го зел. Тој не би можел сам да преживее во дивината, тоа е сигурно“, додаде тој. Сепак, Балик претходно изјави дека не верува дека се работи за киднапирање бидејќи мештаните „ги гледаат сите луѓе кои ја посетуваат областа“. Тој смета дека „ќе бил забележан туѓ автомобил“.

„Тешко е да се фаворизира едната хипотеза над другата. Но, веројатноста и рационалноста би нè навеле да веруваме дека имаме работа со несреќа. А бидејќи телото на малиот Емил не е пронајдено, тоа значи дека тој не бил сам во тоа време. Ние може да размислуваме и за сообраќајна несреќа во која возачот панично би го сокрил телото. Тоа е една хипотеза“, изјави тој.

Тој рече дека мештаните се свесни дека во околината има деца, па затоа се „внимателни на патот“. На прашањето за прекинот на физичката потрага по Емил, 74-годишниот градоначалник нагласува дека француската воена полиција прочешлала површина од вкупно сто хектари.

„Направивме се за да го најдеме детето, без разлика дали е живо или не. Не најдовме ништо“, рече тој.

Локалните жители кои зборуваа за медиумите по исчезнувањето на малото дете, признаа дека се прашуваат дали нивното село може да биде „проколнато“ поради трагедиите што се случија, вклучувајќи го и убиството на менаџерот на кафулето и фаталната авионска несреќа.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk