Утрински Весник
Македонија

Нема толеранција – ДПИ издаде 8 прекршочни налози во висина од над 1.196.000 денари за оние кои не ги намалиле цените

Market mia.jpg

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.

Се контролираат и бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија.

Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката.

Можете да прочитате

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април

Маж со остар предмет им се заканувал и ги нападнал сопругата и нејзиниот татко

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски