Утрински Весник
Спорт

Нема шанси Роналдо да се врати во Реал

Нема шанси Роналдо да се врати во Реал

Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид, објави „АС“. Роналдо минатата недела го раскина договорот со Манчестер јунајтед и сега е слободен играч во потрага по нов клуб.

dobivaj vesti na viber

„Враќањето на Роналдо не е на дневен ред, во клубот воопшто не размислуваат на таа тема. Реал нè уверува дека треба да уживаме во спомените од периодот на Роналдо и дека неговото доаѓање не би имало смисла во спортски проект“, пишува „АС“.

Роналдо беше поврзуван со Реал, клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна 450 гола, откако Карим Бензема се повреди, но францускиот напаѓач би требало да биде подготвен за вториот дел од сезоната. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл, а сериозен интерес покажува и Интер Мајами.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара