Утрински Весник
Македонија

Нема планови за враќање на задолжитлниот воен рок, велат од Министерството за одбрана

СДСМ се оградува од објавата за приемот на војници преку штаб во Арачиново
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Армијата на Република Северна Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок, соопшти Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Оттука информираа дека одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Реакцијата на Министерството се случува откако вчера началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски во телевизиско интервју објасни дека е потребно враќање на воениот рок и би можел да трае три или четири месеци.

Од Министерството за одбрана коментираат дека тие се институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат.

Ако постои интерес во јавноста, велат од Министерството, отворени сме да дискутираме за секое прашање, вклучително и ова.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче