Утрински Весник
Македонија

Нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа

Ukim.webp.webp

Ниту еден македонски универзитет не се најде на најновото академското рангирање на светските универзитети за 2025 година.

Приматот за најдобар универзитет во светот, по 23-ти пат го освои Харвард.


По Харвард, следуваат Стенфорд и МИТ, меѓу првите десет се и Кембриџ (4), Беркли (5), Оксфорд (6), Принстон (7), Колумбија (8), Калтех (9) и Чикаго (10).

Универзитетите се рангираат врз основа на шест параметри, вклучувајќи го бројот на поранешни и сегашни вработени кај добитниците на Нобелова награда и Филдсов медал, бројот на трудови објавени во списанијата Nature and Science, бројот на високо цитирани истражувачи според Clarivate, бројот на трудови индексирани во Science Citation Index – Expanded и Social Sciences Citation Index (Web of Science) и перформансите на универзитетот по глава на жител.

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот