Утрински Весник
Македонија

Нема никого да подложувам на тортура, низ смеа му одговори Ескобар на Мицкоски

Нема никого да подложувам на тортура, низ смеа му одговори Ескобар на Мицкоски

„Северна Македонија е земја каде што ги почитувам луѓето и се покажа како вистински пријател на САД. Во последните неколку години Северна Македонија им помогна на САД за Авганистан, Украина и најново ни помогна да постигнеме историски договор меѓу Србија и Косово за нормализација што ќе даде придонес за целиот регион. И сакаме Северна Македонија да смета на нас при своите предизвици“, истакна на денешната прес-конфренеција заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш сум велел дека Западен Балкан е најнадежниот дел од Европа во моментов“, потенцира тој.

Го поздрави почетокот на процесот на уставните измени а запрашан за коментар за запрениот процес рече дека му е мило што процеост започнал и изрази надеж дека истиот ќе продолжи.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Ескобар со насмевка одговори на прашањето дека во никој случај нема да врши тортура.

„Сакам да кажам дека нема никого да го подложувам на тортура овде, сакам да посочам дека САД не избира Влади за земјите на НАТО но поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери они кои што се посветени на европската интеграција, НАТО и борбата против корупцијата. И сакам тоа јасно да го посочам, но исто така сакам да слушнам и други гледишта, се надевам дека ќе имаме повеќе да и кажеме на јавноста“, изјави Ескобар.

На прашањето уште колку вакви посети ќе треба да очекуваме пред чинот на гласање и дека истата дебата се води веќе подолг период, премиерот Ковачевски рече дека фактот што водиме дебата подолго време значи дека се работи за исклучително важно прашање.

„Секоја стратешка одлука е таа која ја определува иднината за повеќе генерации. И ќе се води толку колку што е потребно, за да се донесе правилна одлука“, подвлече Ковачевски.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации