Утрински Весник
Македонија

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

Img 4148.jpeg

Граѓаните на Скопје утре ќе бидат сведоци на свечена артилериска стрелба што ќе се изврши по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 август.

На 17 август 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна стрелба со истрелување на десет плотуни од шест артилериски орудија.


Како дел од протоколарните активности за одбележување на празникот, истиот ден во 18:00 часот ќе биде изведена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.

Армијата апелира граѓаните да бидат информирани за активностите и да немаат загриженост од најавената стрелба.

Можете да прочитате

Незаштитен отвор за лифт кобен за Љушев: Кривични пријави против две фирми

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите 

СДСМ ќе поднесе закони за повисоки плати: 600 евра минималец и замрзнување на платите на функционерите