Утрински Весник
Македонија

Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје

Kardiohirurgija 3 1536x1022 1.jpg

Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу.

„Имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека Клиниката е „многу лимитирана во моментов за операции“.


Алиу најави иницирање билатерален договор со Словенија, според кој нивни доктори би доаѓале во Македонија на период од три до шест месеци, додека македонски лекари би оделе таму на обука и размена на знаења.

Можете да прочитате

СДСМ: Си кажа ВМРО за часовниците вредни 150 плати – приватен бизис на Мицкоски

Савески, Раичевиќ, Панчевски и Хајрулахи меѓу кандидатите за државен јавен обвинител

Владата го подржува протестот на транспортерите, ЕУ мора да го олесни пристапот за професионалните возачи