Утрински Весник
Спорт

„Нема играње голф во Катар“

„Нема играње голф во Катар“

Селекторот на Велс, Роб Пејџ, им забрани на своите играчи да играат голф на Светското првенство во Катар, кое започнува на 20. ноември и ќе трае до 18. декември.

dobivaj vesti na viber

„Да, голфот е забранет. Ние сме тука да завршиме работа. Во минатото, Герет, Кифер Мур и Арон Ремзи ме прашуваа што правиме утре попладне и дали имаме некакви состаноци. Не немаме никакви состаноци, одете играјте голф“, изјави Пејџ.

Да потсетиме, навивачите на Реал Мадрид, каде Бејл беше од 2013 до 2022 година, имаа замерки за неговата љобов кон голфот.

Пред три години тој, на тогашните соиграчи од Реал, наводно им рекол.

„Имам договор за уште три години и ако сакаат да се ослободат од мене, ќе треба да ми платат 17 милиони по сезона. Ако не ќе останам во клубот и ќе играм голф“.

Бејл летово го напушти Реал како слободен играч, потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес, за кој постигна три гола на 14 натпревари. Со неговиот гол во финалето против Филаделфија, во 128.минута, Лос Анџелес се изборија за пенали, а потоа ја освоија шампионската титула.

Велс се пласираше на Светското првенство по 64 години. Тие ќе играат во групата Б со Англија, Иран и САД.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност