Утрински Весник
Македонија

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион

Grozje.webp.webp

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти се евидентирани годинава  во Тиквешкиот регион од страна на полицијата, потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Во врска со прашањето, известуваме дека според евиденциите на ОВР Кавадарци, во текот на 2025 година заклучно со 09.10.2025, пријавени се шест кражби од земјоделски имоти, од кои, на подрачје на општина Кавадарци две кражби на грозје, кривични дела казниви по член 235 став 1 од КЗ, две кражби на грозје, кривични дела казниви по член 235 став 2 од КЗ и една кражба на лук, кривично дело казниво по член 235 став 1 од КЗ, а на подрачје на општина Росоман една кражба на праски, кривично дело казниво по член 235 став 1 од КЗ, се вели во пишаниот одговор од СВР Велес.


Според евиденциите на ОВР Неготино, во истиот период, на подрачје на општина Неготино пријавена била една кражба на грозје, кривично дело казниво по член 235 став 2 од КЗ., а на подрачје на општина Демир Капија немало пријавено кражби на земјоделски производи.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“