Утрински Весник
Свет

Неколку европски земји испраќаат војници во Гренланд

Vojnici.webp.webp

Војници испраќаат Германија, Шведска, Франција и Норвешка кои како ќе бидат дел истражувачка мисија на Гренланд. Засилувањето на военото присуство на островот доаѓа ден по едночасовната средба меѓу САД, Данска и Гренланд по која американскиот претседател Трамп го повтори ставот дека островот е потребен за американската национална безбедност.

-Ја правиме златната купола. Правиме многу работи и навистина ни е потребен (Гренланд). Ако ние не влеземе, Русија и Кина ќе влезат и Данска не може ништо да направи во врска со тоа. Но, ние можеме да направиме се за тоа. – Доналд Трамп,претседател на САД.

Дека состанокот само ги потврдил разликите потврдија и шефовите на дипломатии на Данска и на Гренланд кои иако оценија дека разговорите биле отворени и искрени, сепак нагласија дека нема поместување на ставовите за најголемиот остров на планетата.

Можете да прочитате

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија

Грција донираше воена опрема на Либан