Утрински Весник
Македонија

Неготино со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар

Negotino 2 960x720 1.jpg

Штабот за заштита и спасување при Општина Неготино и денеска излезе со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар на планината Серта. Штабот утринава одржа координативен состанок на кој се дискутираше моменталната состојба со пожарот.

Уште во седум часот утринава за сите кои учествуваат во акцијата за гаснење на пожарите обезбедена е храна, а на секои два часа се обезбедува и вода за пиење. Во акцијата за гаснење на пожарот, покрај неготинската територијална противпожарна единица вклучени се ТППЕ од општина Кавадарци, Гевгелија, Штип и Свети Николе заедно со механизација и пожарникари, ЈП „ Комуналец“ Неготино и ЈП „ Комуналец “ Кавадарци, Ловечко друштво „ Вардар “ Неготино како и тимови од Дирекција за заштита и спасување, соопштија од Штабот за заштита и спасување.

Оттаму нагласија дека во моментов се работи на терен за локализација на пожарот.

Воедно уште еднаш упатуваме апел до сите граѓани се уште да не се движат во населените места кои беа зафатени од пожарот, додека не се стави под контрола, апелираа од Штабот.

Големиот пожар на планината Серта избувна во средата околу 10.30 часот.

Можете да прочитате

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Филипче: СДСМ нема страв од никакви постапки, секој што го прекршил законот треба да одговара

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт