Утрински Весник
Свет

Недостигале органи во телата пронајдени во масовните гробници во Кенија

(Видео) Се изгладнувале за да одат во рајот: страшна судбина на членови на секта, меѓу нив и деца

Обдукцијата на телата, пронајдени во масовните гробници во Кенија, кои се поврзани со верски култ, открија исчезнати органи, соопшти локалната полиција.

dobivaj vesti na viber

„Во извештаите од обдукцијата е утврдено дека на некои од телата на ексхумираните жртви им недостасуваат органи – изјави главниот инспектор Марин Мунене, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека трговијата со човечки органи била добро координирана и вклучувала неколку играчи. Првите обдукции објавени кон крајот на април и почетокот на мај покажаа знаци на глад, а во некои случаи и знаци на задушување.

„Повеќето од нив имаа знаци на глад. Немаше храна во нивните стомаци – изјави главниот владин патолог Јохансен Одур.

Досега од масовните гробници во шумата Шакахола во источна Кенија се извлечени 104 тела, главно деца, а спасени се 44 лица. Телата им припаѓаат на следбениците на сектата „Меѓународна црква на добрата вест“, чиј водач Пол Мекензи беше уапсен по дојава за постоење на плитки гробници.

Мекензи е во полициски притвор од 14 април заедно со уште 14 други осомничени членови на култот.

Ова е една од најлошите трагедии поврзани со секта во Кенија во поновата историја, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми, имајќи предвид дека повеќе од 400 лица се пријавени за исчезнати.

Можете да прочитате

Заврши драмата во Белгија: Нема бомба во авионот на “Рајанер”

Силен земјотрес ја стресе Италија

Британската полиција уапси маж по пожарот во куќата на премиерот