Утрински Весник
Магазин

Неделен РЕсет вежбање на отворено со Елена Бубало во организација на Реплек 

Img 0124 Scaled.jpeg

Сите љубители на физичката активност, здрав начин на живот и одржување на виталност имаа исклучителна можност во паркот на Франкофонијата во Скопје да вежбаат фитнес под водство на познатата инструкторка Елена Бубало. Во неделата над 70 лица се приклучија и ја искористија оваа прекрасна можност за утрински РЕсет со групно вежбање на отворено. Настанот е дел од програмата РЕсет која е во организација на Реплек, а целта е поттикнување на здрави навики за добросостојба. Во таа насока, Реплек обезбеди соодветна опрема и пијалаци за сите кои вежбаа. 

РЕсет настаните со Елена Бубало ќе продолжат и во следниот период преку организација на уште два настани од овој вид, за кои веќе постои голем интерес, а ќе следуваат и друг тип на активности.

Можете да прочитате

Селин Дион се врати на сцената по шест години: „Ветив дека повторно ќе пеам“

Алармантно предупредување: Секоја деветта птица преселница би можела да исчезне

Овој метод на пешачење е најголемиот тренд за 2026