Утрински Весник
Скопје

Недела дена тече вода на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4

Problem So Voda.png
Dik 300x250 mk

Недела дена тече вода на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Возилата поминуваат низ импровизиран базен, објави Телма.

Од Водовод велат дека ова е доста сериозен проблем кој се случува еднаш во половина век.


Дефектот всушност е затворач кој е врзан за главниот цевковод од каде со вода се снабдуваат две третини од жителите на главниот град.

Надлежните велат дека кога ќе се санира овој дефект скопјани ќе останат без вода подолго време, а според нив сериозен проблем е тоа што и болниците ќе останат без вода и практично ќе биде невозможно да се изведуваат оперативни зафати.

Одговорните со денови бараат решение, велат дека техничките оперативните планови се подготвени, но потребно е да ги договорат и деталите.

За тоа што ќе се случува и која од можните варијанти ќе се одбере граѓаните ќе бидат информирани во текот на денешниот ден или најдоцна за време на викенд.

Можете да прочитате

Саем на студии во странство се одржува викендов во Скопје Сити Мол

Пајак службата отиде во Чаир и Бит пазар да крева непрописно паркирани автомобили (ФОТО)

Во Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена