Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот

Недановски: Вардар е подготвен за Суперкупот
Dik 300x250 mk

Вардар е единствениот тим во Македонија што учествувал на сите досегашни четири мечеви од Супер купот. Од четири настапи има три победи, а утре повторно ќе игра за трофејот, овојпат против Еурофарм Пелистер. Тоа ќе биде реприза на ланскиот меч.

dobivaj vesti na viber

„Црвено-црните” уште денеска отпатуваа за Охрид каде вечерва ќе имаат тренинг, а утре ќе се игра натпреварот. За Охрид отпатуваа сите ракометари што тренерот Владо Недановски ги има на располагање сезонава.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Вардар и Еурофарм Пелистер. Тоа се тимовите најсериозни кандидати за домашните трофеи сезонава.

„Имавме можност да ги гледаме на повеќе натпревари како играат, иако тоа не значи дека така ќе играат и на Супер купот. Знаме дека Еурофарм Пелистер е добар тим со повеќе играчи и повеќе ротации. Тоа и го прави нивниот тренер, а ние тој луксуз го немаме сезонава, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Вардар со убедлив триумф ја почнаа сезоната во Супер лигата, победа на гости во Неготино над новиот суперлигаш Вардар Неготино. Претходно по изведување на пенали не успеаја да стигнат на завршниот турнир на СЕХА лигата.

„Имаме ние свои квалитети. Тоа го покажавме со Нексе. Таа е една од подобрите екипи. Издржавме тркачки на целиот натпревар. Тоа го нема Еурофарм Пелистер. Физички сме подготвени да издржиме цел таков натпревар. Па и тактички сме подготвени. Знаеме што не очекува“, вели Недановски.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026