Утрински Весник
Македонија

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово – редици долги со километри на автопатот поради несреќа

Soobrakajka.jpg

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село Желино, веднаш по наплатната рампа, редици долги со километри се создадоа попладнево, а сообраќајот речиси и да не мрда повеќе од еден и пол час. Автомобилите, од кои многумина се луѓе од Скопје, Велес, Куманово и од други градови, тргнати на викенд, стојат во четири ленти и беспомошно чекаат.

Поголем број возачи кои можеа или разбраа дека на патарината има долги редици, го користат алтернативниот пат од Групчин преку Желино до Тетово. Да биде ситуацијата уште посложена, Тетово и околината околу 17 часот ги зафати и силно невреме со пороен дожд и грмотевици, што дополнително го отежнува сообраќајот.


АМСМ соопшти дека сообраќајната несреќа се случила пред 15 часот, а засега нема информации за повредени.

Можете да прочитате

Возач удрил полицаец по потера кај Страцин

Секое петто боледување проблематично – откриени неправилности вели Клековски

Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство