Утрински Весник
Магазин

„Не се грижи, драга“: Критичарите со мешани реакции по премиерата на филмот на Оливија Вајлд

„Не се грижи, драга“: Критичарите со мешани реакции по премиерата на филмот на Оливија Вајлд
Dik 300x250 mk

Критичарите присутни на Филмскиот фестивал во Венеција ја дадоа својата пресуда за филмот на Оливија Вајлд, „Не грижи се, драга“ со Хари Стајлс и Флоренс Пју во главните улоги.

dobivaj vesti na viber

Психолошкиот трилер за кој деновиве многу се говори е фокусиран на Алиса и Џек, навидум совршена двојка која ја глумат Пју и Стајлс, чиј живот почнува да се распаѓа.

Премиерно беше прикажан вон конкуренција – односно во ненатпреварувачката селекција – на венецискиот фестивалот, каде Питер Бредшо од „Гардијан“ му даде на филмот две ѕвезди.

„Телеграф“ не се согласи со ваквата оценка, и му додели четири ѕвезди.

Бредшо го нарече филмот „неубедлива приказна за дистописко предградие која умешно фаќа идеи од други филмови без воопшто да разбере како и зошто функционирале“, рече тој.

„Тоа е филм што се наоѓа во пустина на неоригиналност – а пустината не цвета“.

Но, додека Алекс Ритман од „Холивуд репортер“ вели дека филмот генерирал солидни седумминутни овации, Брајан Винер од „Дејли мејл“ даде две ѕвезди, опишувајќи ја изведбата на Хари Стајлс како „механичка“ во споредба со неговата колешка Флоренс.

„Поголемиот проблем е што Don’t Worry Darling едноставно не е многу добар“, продолжи тој.

„За просечен филм, ова можеше да биде болно. Но, за среќа, тој на Вајлд е во голема мера фантастичен: еден вид сочна, но пристапна студиска продукција која целосно исчезна од 90-тите наваму.“

„Беспомошно, има ехо на многу подобри филмови, како што се класиците од средината на 70-тите „Сопругите на Степфорд“ и „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Шоуто на Труман“ (1998).

Но, Роби Колин од „Телеграф“ има позитивно мислење за изведбата на Флоренс и навестувањето на Степфорд во овој, како што рече,  цитрусно остар психолошки трилер.

Можете да прочитате

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење