Утрински Весник
Спорт

Нејмар: Му кажав на Меси дека ќе го победам во финалето. Мбапе е голем играч, но треба уште да учи

Нејмар: Му кажав на Меси дека ќе го победам во финалето. Мбапе е голем играч, но треба уште да учи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нејмар е лидер на Бразил и една од најголемите ѕвезди на претстојниот мундијал во Катар. Бразилците, според сите прогнози, се најголемите фаворити за титулата.

dobivaj vesti na viber

Бразил со Најмар за најголеми ривали ќе ги има Аргентина со Лионел Меси и Франција со Килијан Мбапе. Овие тројца се клупски соиграчи во ПСЖ.

Запрашан дали разговарал за Светското првенство во клубот со Меси и Мбапе, Нејмар вели:

„Секако дека сите играчи имаат големи очекувања за Светското првенство, сите се возбудени. Не зборувавме многу за тоа, но понекогаш се шегувавме дека ќе се сретнеме во финалето. Му реков на Меси дека ќе бидеме светски шампиони и ќе ги победиме во финалето, многу се смеевме“.

Потоа опиша какво е чувството да се игра во ист тим покрај Меси и Мбапе.

„Задоволство е да се игра со Лео и Килијан. Тоа се два џина. Меси долго време е меѓу најдобрите во светот, а Килијан е млад играч, кој се развива и го покажува својот потенцијал, но има уште многу да научи. Секогаш е прекрасно да се игра со големи играчи. Секогаш ми се допаѓало тоа бидејќи шансите за победа се поголеми“, додаде Бразилецот.

Инаку, доколку Бразил, Аргентина и Франција победат во своите групи, нивните потенцијални натпревари не се можни до полуфиналето.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов