Утрински Весник
Македонија

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Екстрем во Македонија, измерени се 43 степени

Meteoalarm.mk 50 1.png

Денешниот ден (вторник 22 јули) во нашата Република Македонија помина во знакот на екстремно топло и на стабилно и сончево време. Повремено засилуваше фенскиот ветер од југозападен правец, кој беше најизразен во западните предели од нашата Македонија.

Инаку, територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од југ, односно од Африка и истата насекаде ни условува да имаме екстремно топло време со екстремно високи температури на воздухот.


Најтопло денес до 17 часот беше во Кавадарци и во Велес со измерени дури 43 степени. На табелата можете да го видите денешните максимални температури измерени во нашата Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици УХМР.

Можете да прочитате

Нов земјотрес пред полноќ во Македонија

Скопје и Тетово вечерва меѓу најзагадените градови – Македонија вечерва на второ место во Европа по загаденост

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот – власта зборува за развој, опозицијата за предизборен поткуп