Утрински Весник
Спорт

„Не ги гледаме често“ Родителите на Ѓоковиќ за децата: „Доаѓаат кај нас дома да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци“

„Не ги гледаме често“ Родителите на Ѓоковиќ за децата: „Доаѓаат кај нас дома да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци“

Новак Ѓоковиќ остана без круна на Вимблдон. Српскиот тенисер во финалето загуби од Карлос Алкараз.

dobivaj vesti na viber

Во неговата ложа беа сопругата Јелена Ѓоковиќ, таткото и мајката Срѓан и Дијана Ѓоковиќ кои се заслужни за сите успеси кои ги постигна најдобриот тенисер на сите времиња.

Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и секој друг родител, се многу горди на своите синови – Новак, Марко и Ѓорѓе. Покрај тоа, денес уживаат и во улогите на баба и дедо.

Имено, децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Стефан и Тара обожаваат да поминуваат време со своите баба и дедо, иако немаат можност да бидат толку често заедно. Меѓутоа, секогаш кога тоа им го дозволуваат обврските, создаваат заеднички спомени, а Дијана неодамна призна дека повеќе им дозволува на внуците.

„Многу сум среќна што имам внуци, што ми ги дадоа Стефана и Тара. Можеби не поминуваме со нив онолку време колку што би сакале, но тоа што трошам навистина многу ми значи и некако ме враќа во детството, во периодот кога моите деца беа мали, кога можеби јас немав време да си играм со нив. Не сум тука да ги воспитувам, така ќе кажат мама и тато, тука сум да уживам во нив и можеби понекогаш кршам некои правила за работи што не им ги дозволуваат, но тоа е шармот“. изјави Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат “.

„Ги гледам, но не толку често затоа што имаат многу обврски“, рекол таткото на Новак Срѓан.

Дијана истакна и дека ужива да ги подготвува омилените јадења за малечките на Новак и Јелена. Инаку, познато е дека во домот на Ѓоковиќ се јаде храна без глутен, па внуците најмногу бараат од неа да им ги подготвува старите добри палачинки.

„Секогаш кога имаат време се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Кои ќе ги сакаш, безглутенски или нормални?“, а Стефан вели: „Бабо, нормално, пушти ги безглутенските“, низ смеа рече Дијана.

 

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност