Утрински Весник
Македонија

Не е планирана средба меѓу Мицотакис и Мицкоски во Вашингтон

Capture 7.jpg

Не е планирана средба Мицотакис – Мицкоски во Вашингтон, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО самитот во Вашингтон.

„Но, грчкиот премиер ќе го покрене прашањето за почитување на договорот од Преспа на највисоко ниво. Ќе го спомене договорот што не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес. Ќе спомене низа изјави кои се спротивни на договорот од Преспа, односно спротивно на она што е изгласано од двете држави, бидејќи како што сфаќате присуството на Северна Македонија на НАТО е резултат на овој договор, но нашата соседна земја не ја почитува ниту првата страница на овој договор и е нешто за што се подразбира дека Мицотакис ќе го покрене“, рече Маринакис.

Мицкоски, пред заминување за Вашингтон, изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер се надева дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи, велејќи дека добрососедските односи се двонасочна улица. Претходно, Соединетите Држави, пак, нагласија дека не сакаат внесување билатерални спорови во НАТО алијансата, која во Вашингтон одбележува 75 години постоење.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје