Утрински Весник
Македонија

Не бараме милост, само бараме шанса за фер судење, седум години се манипулира со јавноста, велат семејствата на осудените за 27 април

Не бараме милост, само бараме шанса за фер судење, седум години се манипулира со јавноста, велат семејствата на осудените за 27 април

Семејствата на осудените за 27ми април преку социјалните мрежи објавија писмо до граѓаните на Македонија. Тие велат дека не бараат милост туку само шанса за фер судење.

dobivaj vesti na viber

„Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат се’ понеиздржливи. Неиздржлива е помислата, дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа.

Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам ама не кажуваат дека сториле рероризам без оружје, неиздржливо е да се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели.

Граѓаните, од прв до последен треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за државни непријатели и дека се политички затвореници.

Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години затвор што е ЕДНА ТРЕТИНА во однос на ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ на кои беа осудени нашите најмили и враќањето на предметот на повторно судење, ни даде тронка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имат можност и право на фер судење, со враќање на предметот на повторно судење и за нив. Не бараме мислост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност, велат од семејствата на осудените во своето писмо објавено на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег