Утрински Весник
Економија

НБ предвидува раст од 2,6 отсто годинава и 3,6 отсто во 2025

Img 4130.jpeg

Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлцијата годинава ќе забави на 3,5 отсто. 

Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година особено кај инвестициите кои забележаа пад од 16,7 отсто, иако се очекуваше нивно зголемување, а исто така и поради послабите резултати во првиот квартал годинава. Исто така, влијание имаа и надолните проекции на глобално ниво особено кај нашите главни трговски партнери. 

На среден рок се  очекува повисок раст на странската побарувачка и на инвестициите, особено во вториот дел на годинава. 

Сепак, како што посочи гувернерката како главни ризици и натаму се глобалната неизвесност и ризиците опстојуваат. Сето ова налага и натаму водење внимателни макроекономски политики. 

Растот на БДП и годинава ќе биде главно воден од домашната побарувачка со негативен придонес кај извозот. 

Ангеловска Бежоска рече дека просечната инфлација годинава во првиот квартал беше 3,4 отсто, за цела 2024 година се предвидува да изнесува 3,5 отсто, што е значаен пад во однос на лани кога изнесуваше 9,4 отсто. 

На среден рок инфлација се очекува да се сведе на историскиот просек од околу 2 отсто. 

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм