Утрински Весник
Македонија

Навреди помеѓу Груби и Лефков во Собранието: Татковци ви се Сашо Мијалков и Никола Груевски

Навреди помеѓу Груби и Лефков во Собранието: Татковци ви се Сашо Мијалков и Никола Груевски

Жестоки навреди упати вицепремиерот Артан Груби кон ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Миле Лефков. Пратениците на опозициската партија ги нарече: „Деца на Сашо Мијалков и Никола Груевски“. Груби му рече на Лефков: „Лоповот мисли дека сите се лопови. Клептоманот сите мисли дека се клептомани“. Ова доаѓа откако пратеникот Лефков го обвини Груби за злоупотреби за кои посочи дека ги правеле членови на семејството на вицепремиерот.

dobivaj vesti na viber

„Овие децата на Сашо Мијалков и на Никола Груевски… Тие ви се татковци.. Вие сте се плашеле да го гледате во очи… ВМРО-ДПМНЕ е мајка, татко, дедо, баба, ја има докторирано на тема корупција. Лоповлук од прв до последен ден. И затоа знаат најдобро каде е медот за да ги вметнат рачињата. И бараат да дојдат на власт, не за да помогнат Македонија да стане членка на ЕУ, туку за медот. Секој клептоман гледа во другите клептоман, секој лопов гледа во другиот лопов“, кажа Груби.

Груби ја нарече ВМРО-ДПМНЕ дека е криминално здружение со судски пресуди.

„Во моментов во оваа партија, со ова раководство, најдолг период сте во опозиција. Повеќе скандали за корупција имате од опозиција его во позиција“, кажа Груби.

За обвинувањата за злоупотребите со тендери, вицепремиерот се правдаше.

„Брат ми 20 години работи во приватен бизнис, допирна точка имам 0. Договорот е со твој комшија, а е петпати помал од тој со кој го клеветиш. Направен е со кредит од 20 години. Во однос на Мерита Мустафаи, ја обвинувате за корупција (Биро за метеролигија), за тендер кој го има објавено Гир, го има спроведено Делегација на Европска Унија, ја има купено опремата и ја има донирано на државата. Вие го обвинивте амбасадорот Гир дека е најкорумпиран во државата. Поголем скандал, кога ви дава тој Пашовски, вашиот пратеник, за да си добие лиценца, треба да ве информира коректно. Обивнувате цела ЕУ дека купила опрема и за корупција“, кажа Груби.

Бидејќи за прашањата поврзани со Груби и семејните бизниси одговор побара од премиерот Димитар Ковачевски, пратеникот Миле Лефков, го нарече пиун.

„Видовте како записничарот на Заев стана пиун, кога го споменав името на Артан Груби. Го прашав зошто молчи, а молкот оддекнуваше. Слушнавме се само факти не. Вие ја нацравте корупцијата, вие набавувате возила по 600.000 евра. Знаете кога сте најмал? Кога од оваа говорница тајкунот од Чаир ќе се крие зад чесниот и работниот Албанец кој заедно со чесните Турци и Роми ќе се борат со инфлацијата. Треба да знаете дека опозицијата најавува војна, ама војна на корупцијата. Војна против корупција и криминал. Срамота на премиерот кој кога пратеник поставува прашање, завршува со громогласен молк“, кажа Груби.

Претходно,Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Димитар Ковачевски зошто молчат и како Влада нема никаков став по бројните скандали во јавноста како блиски луѓе на Артан Груби трупаат милионски бизнис и од каде е потеклото на парите,

„Премиерот да објасни како грдни пари за хонорари се одлеваат од министерството предводено од Груби. Набавувате возила од 600.000 евра. За 3 години директорка блиска до Груби направила 3 набавки во вкупна вредност од неверојатни 2.000.000 евра. Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, сето тоа го прави преку братот на Артан Груби, Ветон Груби, сопственик на ЕТЦ Травел. Ветон Груби е човекот околу кој семејството Груби го трупа своето богатство“, посочи Лефков.

Можете да прочитате

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување – цената ја плаќаат децата од болницата „Козле”

Мицкоски: Со новата опрема според НАТО стандардите го зајакнуваме нашиот одбранбен капацитет, безбедноста на државата и граѓаните