Утрински Весник
Спорт

Навивачот на Милан Франческо Ачерби ќе игра за Интер

Навивачот на Милан Франческо Ачерби ќе игра за Интер

Интер во четвртокот го потврди трансферот на искусниот стопер Франческо Ачерби.
Интер бараше нов стопер по заминувањето на Андреа Ранокија, на крајот решија тоа да биде ветеранот од Лацио.

dobivaj vesti na viber

Навивачите на Интер имаат големи замерки до клупските челници поради овој трансфер. Минатото на Ачерби е проблемот, тој пред неколку години призна дека е навивач на Милан.

“Јас сум навивач на Милан. Во минатото бев член на Fossa dei Leoni (ултрас група на Милан). Одев со моите пријатели на натпреварите на Милан на „Сан Сиро“. Последен на кој присуствував беше полуфиналето од Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед во 2007 година“, изјави Ачерби пред неколку години.

Ачерби во минатото беше и играч на Милан. Во овој клуб играше половина година во сезоната 2012/2013. За тоа време одигра 10 натпревари.

Масло на огнот долеа ситуацијата на крајот од претходната сезона. Тогаш за скудетото се бореа Интер и Милан.

Тимот предводен од Стефано Пиоли во 34. коло играше против Лацио. Речиси до крајот на натпреварот беше 1:1, резултат кој му одговараше на Интер.

Во 92. минута од натпреварот, Милан постигнаа гол и тоа по грешката на поведе по грешката на Франческо Ачерби. На дефанзивецот воопшто не му беше грижа бидејќи камерите го фатија како се смее откако неговиот тим прими гол.

Ачерби се пресели од Лацио во Интер на позајмица. Овој 34-годишен играч минатата сезона одигра 36 натпревари, постигна четири гола и имаше две асистенции.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина