Утрински Весник
Македонија

Навивачи и играчи на ФК „Беса“ се пресметувале со судии и делегати, биле незадоволни од судиските одлуки

Навивачи и играчи на ФК „Беса“ се пресметувале со судии и делегати, биле незадоволни од судиските одлуки

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина резервни играчи и навивачи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно и неспортски, по што натпреварот е прекинат.

Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул