Утрински Весник
Магазин

„Навистина ми е жал за него во моментов“: Мекнали се чувствува чудно откако го разоткри Корден

„Навистина ми е жал за него во моментов“: Мекнали се чувствува чудно откако го разоткри Корден

Сопственикот на ресторанот „Балтазар“ во Њујорк, Кит Мекнали, кој неодамна му забрани влез на ТВ водителот Џејмс Корден затоа што бил груб кон неговиот персонал, се огласи на социјалните мрежи и напиша дека се чувствува многу чудно за целата ситуација.

dobivaj vesti na viber

Сопственикот на култниот њујоршки ресторан потенцира дека водителот на „Лејт, лејт шоу“ бил навредлив кон персоналот, но додава дека сега има измешани емоции.

„Се чувствувам чудно поради ситуацијата со Џејмс Корден. Од една страна, тој дефинитивно го навредуваше мојот персонал, од друга страна, навистина ми е жал за него во моментов”, напиша Мекнали.

Познатиот водител се извини откако угостителот му забрани влез во ресторанот поради неговото однесување.

„Џејмс Корден штотуку ми се јави и искрено се извини… Секој што е доволно силен да му се извини на некој како мене (и на мојот персонал) не заслужува да му се забрани влез никаде, особено во Балтазар“, напиша Мекнали на Инстаграм.

Имено, Мекнали повеќе не сакал да толерира непријатни ситуации со популарниот водител, кој предизвикувал непријатности во неговиот објект. Тој стави крај на грдото однесување на водителот со тоа што му забрани да влезе во ресторанот.

Сето ова предизвика лавина реакции и коментари на социјалните мрежи, главно на сметка на Корден, на кого му препорачаа да им се извини на келнерите, не само на сопственикот, и да им даде голем бакшиш.

Можете да прочитате

Затемнувањето на Сонцето во Вага ја менува судбината на овие хороскопски знаци

Пиперки во павлака: Зимница за која сите ќе ви бараат рецепт

Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?