Утрински Весник
Македонија

Наутро услови за магла, преку денот променливо облачно

Esen 5.jpg
Dik 300x250 mk

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе има променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

Можете да прочитате

Собранието продолжува со работа на 3 нормври

Целосно изгоре возило во Петровец

ОЈО бара притвор за директорот и раководителот на ЈП „Комунална хигиена“