Утрински Весник
Македонија

Наутро свежо, преку ден топло

Zima Sonce 750x430 1.jpg

Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци